Не се трудете вашата присутност да се забележи, туку вашата отсутност да се почувствува

Бидете едноставен човек, луѓето тогаш се чувствуваат подобро. Не мораат да размислуваат кои зборови ќе ги изберат, какви фрази ќе користат и тактизираат. Покрај едноставните луѓе, животот станува едноставен, а тоа е она што сакаме.

Со позитивни зборови, станувате личност, чија присутност ја посакуваат сите, бидејќи им е доста од негативни луѓе кои ги носат во пропаст.

Не се трудете вашата присутност да се забележи, туку вашата отсутност да се почувствува.

Луѓето во вашата близина нека почувствуваат дека се прифатени, прифатете ги со сите нивни добри и лоши страни. Не им пристапувајте од некое високо ниво на своето его, туку едноставно со пријателство, покажете како имате уво и срце за нивните грижи и проблеми, и секогаш сте подготвени до крај да слушнете се’ она што имаат да ви кажат.

Не им бидете судија на другите, осудувајќи ги со свои зборови, ниту со поглед не осудувајте, ниту во своите мисли. Само покажете со свој пример и тоа е доволно за оној кој сака да разбере.

Најголемата промена во светот се случи под влијание на луѓето кои не се обидуваа никој да променат, туку беа патоказ. Преку своето однесување, воодушевувајќи ги другите и им го променија начинот на живот.

Не се трудете вашата присутност да се забележи, туку вашата отсутност да се почувствува.

Затоа научете да се почитувате самите себе, бидејќи така и другите ќе ве почитуваат. Разбудете ги нивните потенцијали, поттикнувајате ги на она најдобро.

Кога ќе станете магнет околу кој се собира добро, ќе се забележи вашата отсутност. Откривајќи ја и изградувајќи ја туѓата вредност ќе ја зголемите и својата. Никогаш не престанувајте да бидете светло, бидејќи секогаш ќе се почувствува моментот кога ве нема.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: