Во светот на молкот

Тишина..се слуша само спорото издишување, која ја искажува болката во себе за неискажаното. Молк кој што треба да значи мир. Молк кој што треба да значи спокој. Но, немото молчење и бескрајниот далечен поглед ја претставува само болката наспроти мирот и спокојот.

Молк кој зборува за себе многу. Неискажани реченици кои доколку би биле изречени..ќе бидат само убодна болка во срцето. Вака затворено, немо си тлее до моментот кога молкот ќе прерасне во гласно искажување. Но, дали воопшто вреди? Дали воопшто молкот во дадениот момент е бегање од соочување? Дали молкот во дадениот момент е избегнување на можна ситуација? Дали молкот е момент на тишина за бранење од самиот себе со тоа соочување?

Или молкот претставува само еден механизам каде си уморен од се’ и моментално бегаш од тоа се’. Молк… Збор кој многу значи, збор кој го објаснува моменталното твое растројство, молк кој ја побива сета таа твоја надворешна вознемиреност.

Молк кој во тебе прави огромен ураган на емоции. Се бориш, талкаш, го бараш соодветниот начин да сам се избориш. Да се избориш, победиш и гласно го прекинеш тој молк. Но, дали воопшто вреди? Дали воопшто ќе се потруди да се сфати тој молк? Дали тој молк ќе те поведе само на милион дополнителни прашања за кои што знаеш дека нема одговор?

Молк. Толку мал а толку полн со значење збор. Молк на прифаќање, молк на одбивање. Молк на докажување. Уморна од молкот. Уморна од се’. И во тој молк ја барам тишината на моето срце, на мојата душа. Молк, болка и страдање. Молк, жал и тага. Молк, црнила.

Tasha

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: