Дозволете и на љубовта да ве води

Дали болката од промена е поголема од таа да се остане ист и да се продолжи со играта на ситно? Што треба да се случи за конечно да заблескате, конечно да излезете од тоа обичното?

Ако моментално се чувствувате заглавено, се вртите во круг, ако се чувствувате ненаспиено и ако вашата омилена реченица е: ‘Данас не е мој дан, ќе оставам се’ за утре’! – можеби е време да направите чекор назад и да се ослободите од самосаботирачките мисли, навики и непријатно познатата рутина.

Излезете надвор, трчајте, одете, помрднете го своето тело, внесете малку кислород во себе. Кога ќе завршите, седнете и запишете се’ што ве мачи, се’ што држите во себе, сите ‘проголтани’ зборови, мисли и поврзете се со нив. Од каде доаѓаат? Што ги раздвижува? Дали болката од промена е поголема од болката да останете исти и да продолжите да играте на ситно? Размислете, со рака на срце и очите вперени во Душата.

Живот со смисла

Дали бегањето од реалноста и од емоциите станале ваш редовен образец на однесување? Дали ги затворате очите пред она што очигледно станало ваше уточиште? Вашето сигурно место на кое се враќате секој пат кога Универзумот ве повикува да се појавите а вие упорно се трудите и грчевито се борите да не го реметите своето status quo и правите се што можете, за да се скриете и да останете невидливи?

Секако, секогаш е полесно да се работи она што знаеме, што сме совладале, но дали е тоа корисно? Дали не’ води до местото на кое припаѓаме? Дали ни помага да живееме во согласносг со својата цел?

Запомнете, не е баш се’ што сме совладале добро за нас. Мајстори сме во растегнување на работите, играње на ситно, јаки на зборови а слаби на дело…

Поглед во огледалото

Многумина од нас, секојдневно се буди со исти емоции, ги одлага работите од потполно оправдани причини- едноставно длабоко внатре во себе чуствува несклад. И чувствува дека ниеден чекор, ма колку малечок, не е доволен, но, да се погледа во огледало бара нежно орање по себе си, без маски и без фолирање.

А, за тоа е потребно малку повеќе време и константна работа, внатрешна работа, работа која го прави егото да биде израмнето со душата.

Кога ќе завршите со пишувањето, запрашајте се- што можете да направите, што веднаш може да ви помогне да се чувствувате по слободно, исполнето. Дали постои нешто што ви е потребно како би започнале тоа што веќе подолго време го ‘влечкате’.

Самодоверба? Верба во себе? Автентичност? Искреност? Враќање во љубов. Кога последен пат сте биле потполно искрени со себе? Потполно автентични. Потполно да верувате во себе. Кога пријатно сте се изненадиле себе си така што ќе излезете од оквирот на рутината и навиката?

Повикајте го тоа чувство и дозволете му да се вткае во секоја пора на вашето битие. Почувствувајте како од таа состојба работите стануваат можни. Автентичност, искреност, склад со себе, се неопходни за љубов кон себе. За љубов генерално.

Кога ќе дојдете до оваа состојба, тогаш и најмали чекори се доволни. Тогаш и Универзумот потполно се ангажира и помага.Тогаш не постои двоумење, натегнување, агресивност, страв. Тогаш ќе се појави вистинската љубов. Вратете се на почеток. Вратете се кон љубовта, од која се’ почнува и на која се’ се враќа.

Повторно станете ученик. Доживејте го секој момент како да е вистинскиот пат. Дозволете си себе си да го видите со очите на љубовта. Дозволете и на љубовта да ве води. Видете се себе си надвор од обичното.

И запомнете дека само љубовта е вистинска. Се’ друго е илузија.

Лидија

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading