Тe пуштам

Те пуштам да си одиш.

Те пуштам да си одиш, не затоа што сакаш ти да си одиш.

Те пуштам да си одиш, не затоа што јас сакам да си одиш.

Те пуштам да си одиш, не затоа што моето срце така сака. Баш напротив, спротивното, срцето знае и носи се’ и се коси со желбата да те пуштам да си одиш.

Те пуштам да си одиш, затоа што сум уморна.

Уморна од докажувањето за мојата неизмерна љубов кон тебе. Уморна од докажување дека напротив, ништо не е лага, туку вистина. Уморна од напорот вложен во тоа докажување.

Уморна да од ден на ден се прилагодува кон твоите сомнежи за кои што воопшто не треба да постојат. Уморна од докажувањето за моите желби и страсти кон тебе кои сметаш дека не се вистински.

Уморна да ми течат солзи по искажаните твои дрски и навредливи зборови. Уморна од некоја лага која воопшто и не постои. Уморна од наговестувањето дека воопшто не ти е грижа. Уморна од мислењето дека мојата љубов е филм и патетика. Штом уморот го преовладува мојот ум и срце, џабе е моето докажување на спротивното од сето ова.

Зошто знам, во себе цврсто знам, дека и колку и да е твоето однесување само еден цврст оклоп кој те заштитува да не си повреден, јас сум веќе преморена. За нештата да бидат убави, за чувствата да бидат сплотени и да во моментите кога врз нас се надвиваат тежини и проблеми, ние треба да се држиме еден до друг, и си ја дадеме таа убавина, која ќе не издигне над се.

Но за тоа сме си потребни ние двајцата, од кој едниот ставил оклоп а другиот е веќе преморен од се’.

Затоа те пуштам да си одиш најмил мој.

Tasha

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: