Сведоци сме колку е тешко да се има квалитетен однос со други луѓе на подолго време. Низ различни животни ситуации се тестира нашиот интегритет и тука на површина ќе испливаат оние наши слабости кои го загрозуваат квалитетот на нашиот однос.
Ако во тие моменти немаме сила, ни волја да ги исправиме работите, тука некој однос доаѓа до својот крај. Овие се едноставните начела кои ни овозможуваат да го вратиме стариот сјај на нашиот заеднички однос.
Секој ден направете некоја убава ситница за друг. Никогаш не ја пропуштајте приликата да ја искажете својата благодарност. Вашиот однос нека започне и заврши со насмевка. Поделете ги со другите своите позитивни искуства. Бидете оној кој шири надеж, а не оној кој носи сомнеж. Обидете се да ги разберете проблемите на другиот.
Кога ќе забележите дека некој нешто добро работи, пофалете го. Почитувајте го туѓото мислење какво и да е. Во секој побарајте нешто убаво, бидејќи навистина во него и постои.
Тргнете се од негативните луѓе пред да се заразите со негативност. Прифатете ги луѓето онакви какви што се, друго нема. Сфатете дека добар однос со другите е последица на добриот однос со самиот себе. Дозволете им на другите да прават, она што прават без да се претворате во нивен судија.
Вистината е секогаш најдоброто решение во секоја пригода. Со верност покажете го својот интегритет. Одржете ги ветувањата кои сте ги дале себе си и на другите. Соберете сила и простете, бидејќи само така можете да го изградите нарушениот однос.
Љубезно лице може да направи чуда, нека такво биде и вашето лице. Покажете почитување кон секој, дури и кон оние кои тоа не го заслужуваат. За отсутните зборувајте само најдобро. Така покажувате дека ги почитувате присутните.
Гледајте во другите додека зборувате, така покажувате дека ги почитувате. Не се правете дека слушате- навистина слушајте. Нека вашите зборови, ги пратат вашите дела. Однесувајте се кон другите онака како што сакате да се однесуваат кон вас.
Leave a Reply