Не молете никогаш за љубов

Не молете никогаш за љубов. Oние кои ја имаат ќе ви ја дадат, но тие кои ја немаат, не можат да ви дадат ни за лек. Не се продавајте за нечија наклоност. Не се работи дали заслужувате или не заслужувате нечија љубов, се работи за другите и нивните приказни, нивните приоритети и интереси.

Сакате ли да го изгубите својот мир влегувајќи во еден таков свет во кој насмевка, добар збор, бакнеж или нешто друго имаат цена? Не се спуштајте на тоа ниво. Кога ќе почнете да молите за љубов престанувате да живеете.

Вашиот живот станува споредна улога во животите на другите, околу кои се вртите. Тогаш станувате свесни колку тешко ги носите своите чуства бидејќи наместо во нив да уживате, да ве носат напред, тие стануваат тег кој ве влече во маѓепсаниот круг.

Почнувате да сфаќате како понекогаш е потребно да се стави маска на лице за да добиете она што сакате, па макар тоа што сакате да биде само љубов.

Кога ќе почнете да молите за љубов откривате колку станувате ранливи, колку своите слабости ги ставате на располагање на другите, колку станувате лесна мета за оние кои трачарат и оговараат и како тоа вие го поднесувате само за еден момент на наклоност. Нема да дојде среќата со таква љубов, бидејќи тоа не е љубов, тоа е нешто во вас што морате со себе да го решите и никој во тоа не може да ви помогне, никој освен вас самите.

Без оглед во каков теснец животот ве турнал, не молете за љубов, покажете дека вашето срце не е создадено за ронки. Имајте достоинство да се тргнете од оние кои не ве почитуваат и ве прават да се чувствувате помалку вредни.

Има луѓе на кои им значите и кои ќе ве подржат во вашите соништа, само тргнете се од вратата кој никогаш нема да ви биде отворена и тргнете напред низ животот давајќи љубов. Ќе видите како многу брзо ќе ја примите назад.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: