Ако некогаш не ти се зборува..Јави се, ќе молчиме заедно

Љубовта е единствената работа на овој свет која не боли. Навистина…А јас мислев повеќе на болката отколку на љубовта. Болката беше мојот главен мислител. А љубовта седеше малку настрана и чекаше трпеливо, да ја видам со вистински очи.

Се лутев заплеткана во своите убедувања, дека мојата најголема болка е љубовта. Будалетинка. Ах, Бог секогаш има план за нас, како да стигнеме до своето срце, до својата суштина и да ги скршиме тие мисли, да го тргнеме егото и конечно да ги отвориме своите очи кон вистината.

Од Бог добив благослов, привилегија, да научам што е всушност љубовта. Често си велам: “Бисера, тебе осаменоста цело време те болеше. Чувството на одбивање. Недостасување. Всушност љубовта беше единствена, која ја покриваше таа болка и секогаш шепотеше во ноќите без сон: ’верувај..верувај…менувај се…верувај…еден ден љубовта ќе те гушне, токму онака како што сонуваш.

Љубовта те прави да се чувствуваш прекрасно. Твоето лице добива драмско светло, возбуда , друга димензија, без оглед дали човекот е во твоја близина или не. Едноставно, се чувствуваш!! Дишеш, живееш.. Го следиш своето срце, својата љубов, а тоа значи прифаќање.

Прифаќање на болката, осаменоста, одбивањето. Само така можеш да ја почувствуваш вистинската љубов. Безусловно.

Безусловна љубов не значи дека тоа е љубов во која нема услови, туку онаа во која безусловно прифаќаме сѐ и тогаш сѐ се менува. Бидејќи Љубовта е простор во кој сѐ се одвива. Тоа можеш да го постигнеш, само ако си слободен, потполно слободен.

Бог нѐ направил од љубов и само тоа имаме да дадеме. И таа нема правила. НЕМА. Секој може да ви даде совет, но срцето е тоа што ќе одлучи. Многумина ќе речат :”тоа е без врска”. Но, тоа е вашето его. Не го слуашајте.

Срцето е изворот на љубовта која ја поседуваме, која пак е подарок од Бог, нашето искуство и едвај чека, да излезе и да се рашири надвор од нас, да гушка и да го стопли другиот, да го научи, дека сите тежини што човекот ги има, се всушност нашето бегство од изворот- од љубовта, од Бог.

Затоа, тоа што срцето ќе одлучи има значење. Таму љубовта ја добива својата голема сила, од таму тргнува. Таму и се враќа, да се одмори, за повторно да не’ преплави. Оној кој вистински ја освестил љубовта во себе секогаш со радост ја негува и расте со неа.

Љубовта е препуштање, без размислување дали нешто ќе изгуби.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading