Немој да чекаш чуда, луѓето да се променат, туку промени го тоа опкружување, замени го со некое друго. Проблемите со луѓето почнуваат кога на листата на своите приоритети, егото поставува клучни одредници и тогаш она, што би требало да биде на последно место, доаѓа на прво место.
Кога луѓето за тебе почнуваат лошо да зборуваат, те оговараат, клеветат, не ги земај за сериозно, не ги земај никако. Немој да дозволиш во срцето да ти влезе омразата. Не докажувај и не ја оправдувај својата страна од животот.
Затвори им ја вратата на тие луѓе и на тие приказни. Ќе останат таму каде што припаѓаат. Што посеале, тоа ќе жнеат. Кога го знаеш своето место во светот, никој не може да ти го одземе.
Верувајќи во себе, најди начин да го најдеш својот мир. Тренирај ја својата сила така што нема да се оптеретуваш со работи кои се неважни, да влегуваш во расправи кои се безначајни, да се замараш со некој лажен сјај со кои живеат луѓето.
Животот нема копче, со кое тие работи можеш да ги исклучиш, но секој момент во своите мисли можеш да пронајдеш некои подобри работи, некои подобри приказни. Можеби нема да ти тргне од прва, но, верувај ќе биде од втора или трета. Стани човек на кој мирот му е поважен од потврдата дека е во право.
by Рита
Leave a Reply