Чувај ја својата ранлива страна пред луѓето кои се на ‘поминување’. Нив им е доволно да кажеш: добро сум, кога ќе те прашаат. Не ги покажувај ги своите лузни, не зборувај за твоето минато, бидејќи има луѓе на кои сочувството им е последното нешто на што ќе помислат, на кои твојата интима е последна работа која ќе ја заштитат.
Чувај ја својата ранлива страна од личноста која не знае да сака бидејќи нема да си ја олесниш душата, нема да најдеш мир кој го бараш. Својата ранлива страна довери ја на луѓе кои беа до тебе кога сите исчезнаа.
Твојата ранлива душа нека ја знаат, оние кои молчат, ама тебе тоа ти годи, оние кои те поднесуваа, кога ни себе си не си се сакал, оние кои ја одзеле твојата горчина, кои другите ја оставиле, оние кои те научиле да те сакааш повторно, кога си изгубил секоја верба во љубов.
Твојата ранлива страна ќе им ја довериш, на оние кои те натерале да одиш понатаму тогаш кога си сакал да се откажеш, оние кои ти дале парче од своето срце и истотото и ти си го направил тоа за нив.
А на оние кои во твојот живот влегуваат од љубопитност или од некои други причини, посакај им среќа, но, не откривај ги своите рани, не ги покажувај своите лузни. Нив тоа ништо не им значи, а за тебе тоа е се’ во животот.
Чувај ја зато својата ранлива страна од непознати луѓе, тоа е половина од животната среќа.
by Рита
Leave a Reply