Не се плашете ако изгубите нешто во животот

Не се плашете, ако изгубите нешто во животот, било да се работи за луѓе или работи, плашете се единствено себе си, да не се изгубите. Се’ друго може да се надокнади.

Кога некои луѓе си одат или ќе ги изгубите, се отвора место да дојдат други луѓе. Кога ќе изгубите некои работи, кои ви лежат на срце, во вашиот живот се отвора простор, за примање на многу поголеми драгоцености, за она што навистина е вредно, за она што може да ви донесе ново исполнување.

Не се плашете ако изгубите нешто, бидејќи животот не е ништо друго освен низа од загуби. Од самото раѓање, губиме едно за да примиме друго.

Не се плашете од загуби во својот живот, прашајте се само за кои промени тие ви ја отвораат вратата, кон какви нови можности ве води. Прашајте се само како ќе се пишува новото поглавје на вашиот живот по тие загуби.

Не се плашете од загуба во својот живот, плашете се да не заборавите да ги прифатите раширените раце, да останете во жалење за она што било и поминало, да останете преплашени пред новиот живот, со стварноста која ви се нуди, со новиот свет.

Плашете се, да не се изгубите себе си, бидејќи тој губиток никој нема да може да го надокнади, после таа загуба, работите не можат да се вратат на старо, таа загуба е единствена вистинска загуба.

Многу луѓе низ вашиот живот ќе поминат, ќе ви биде многу драго што некои само пролетаа, но некои од нив ќе донесат и многу тага и болка со нивната загуба.

Но, животот е дар и никој со никого не е вечно, никој на никого не е претплатен. Сите искуства се тука, за да најдеме некоја причина за живот и да сфатиме, дека ние не сме овде вечно.

Ќе имаме убав живот и ако бидеме доволно одлучни, да оставиме траг во нечии животи или можеби ќе станеме нечија загуба. Како и да е, ако некого за тоа време сме сакале и некој не сакал нас, тогаш е тоа добивка. И наша и на оној другиот.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: