Никој во твојот живот не доаѓа без причина

Ќе бидеш она што секој ден, во тишината на твоето срце, ќе биде во фокусот на твоите мисли, дали се тоа позитивни и негативни чувства во кои најповеќе си заплеткуваш, ќе те одредат верувањата и уверувањата за кои вложуваш се’ она што си и што сакаш да бидеш еден ден.

Ќе бидеш таков или ваков, во зависност од луѓето со кои се опкружуваш. Ако си со луѓе кои веруваат во тебе, твојот потенцијал ќе добие крила, но ако си со оние кои постојано покажуваат сомнеж во тебе, ќе добиеш ланци, со кои ќе се приковаш на местото на кое стоиш.

Биди со оние кои те сакаат и подржуваат и тогаш ништо нема да ти биде тешко да направиш и лесно ќе одиш напред, но ако си со завидни луѓе и љубоморни ќе мораш да ги приметуваш и да ги отстрануваш препреките кои секој ден таквите луѓе ќе ти ги поставуваат.

Никој во твојот живот не доаѓа без причина, но на тебе е да ги задржиш луѓето кои ти се важни. Ако не се потрудиш да ги задржиш вистинските луѓе, ќе си одат а ти ќе забележиш по некое време дека остануваат само оние кои од тебе нешто бараат или на кој им служиш за некој нивен интерес. Ќе се залепат таквите луѓе како привезоци и ќе ти ја шмукаат позитивната енергија, додека потполно не ја потрошат, а потоа одат во потрага по други жртви.

Ќе бидеш таков, од работите кои ги пушташ во својот живот. Затоа на време размисли што сакаш да бидеш и сфати дека твојот живот не е излог и продавница од која секој може да земе она што ќе посака.

Задржи ја дистанцата бидејќи само така ќе ја одбраниш од притисокот на негативните луѓе. Имаш можност да бираш, па затоа бирај, но никако и никогаш немој да дозволиш другите да бираат наместо тебе.

Твоите одлуки нека те направат среќен човек.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: