Светот се менува со твој пример, а не со твое мислење

Мирот значи да сфатиш дека никогаш нема и не можеш да имаш се’ под контрола. Па зошто такво непрестано настојување, ако тоа е неизводливо?

Сета мудрост на животот е да се открие кои работи можеш да ги имаш под контрола, а кои не можеш- да ги пуштиш. Неверојатни искуства на мир, почнуваат да те преплавуваат, кога од својот ум почнуваш да отпушташ се’ она што ионака не е под твоја контрола.

Научи ја разликата! Искуството е алат кој ти помага во тоа. Прифати го фактот дека совршенство не е да имаш се’ под контрола, туку да не се оптеретуваш со работи на кои не можеш да влијаеш.

Уште повеќе прифати го фактот дека понекогаш ќе има многу повеќе работи кои не можеш да ги контролираш, но тоа не е причина да не живееш среќен и исполнет живот.

Фокусирај се само на донесување на добри одлуки, а она што ќе испадне од тоа препушти го од своите раце. Сфати дека стравот и сомнежот не се единствена сила протов која треба да се бориш, тие се силата со која треба да научиш да живееш.

Она со кое треба да научиш да се бориш се твоите негативни мисли и склоности, кои им отвораат простор на стравот и сомнежот во твојот живот и губиш надеж, ентузијазам, радост, исполнување.

Биди секогаш подготвен да го прифатиш стравот кој ќе дојде, но насочи се на својата цел а не на стравот и ќе видиш како ќе победиш. Мирот е сфаќање, да го прифатиш својот живот онаков каков што е, да ги прифатиш своите погледи на свет, да ги прифатиш своите способности како своја почетна точка, а не како она што на крајот те одредува како личност.

Мирот доаѓа кога ќе ти стане јасно дека твојот раст и развој можат моментално да ја променат твојата сегашна рамнотежа, но секогаш неа ќе и се враќаш кога ќе ја постигнеш својата цел.

Тоа е твојата контрола, да се развиваш и да растеш со мир, прифаќајќи секое постигнување кое ќе го оствариш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: