Кога во животот ќе ти биде тешко…

Кога во животот ќе ти биде тешко, најди сила да се чувствуваш поинаку, најди сила да се извлечеш од калта во кој си фрлен.

Нема да успееш, ако продолжиш со своите мисли да го храниш своето чувство на жртва, неправда и бесмисленост, иако во некоја рака навистина е се’ така како што ти се чини и како мислиш.

Мораш да се воздржиш од искушението, овој свет да го гледаш како една црна дупка, бидејќи таа дупка ќе те вшмука, ако ја претвориш во своја опсесија.

Еднаш кога во животот, ќе ти биде навистина тешко, собери сила да живееш едноставен живот. Поедностави ги мислите, искуствата и лекциите кои ги учиш од животот и почекај, додека твојата слика на светот не почне да ти влева надеж.

Во најлоши времиња, некои настани се најважни промени и сфати, дека болка од лошото не доаѓа без некоја причина, туку е тука да разбереш, дека ништо не се случува без борба, болката покажува колку до некој или нешто ни е важно.

Еднаш кога во животот, ќе ти биде навистина тешко, научи повторно да сакаш, научи да ги редефинираш сите свои ставови, кои не те водат никаде, научи од почеток да ги поставуваш целите, научи повторно да се среќаваш со луѓето.

Не си само посетител во ова време, тука си да оставиш некој траг, тука си да сфатиш, дека ова е време на бескрајни можности, да ги претвориш своите болки во раст и да ја затвориш вратата која не те води никаде.

Немој да се криеш од самиот себе, тешкотиите нема да исчезнат, всушност ќе се зголемат. Подобра личност стануваш, тогаш кога ти се чини дека се паднало во вода, а ти тогаш, ќе ја пронајдеш онаа додатна причина и начин да направиш нешто што никогаш не си направил и да се најдеш на почеток на еден нов свет.

Еднаш кога во животот навистина ќе ти биде тешко, стави го срцето во служба на своите соништа, а не на своите повреди и ќе видиш, како пред тебе ќе се отвори нов пат во подобра иднина.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: