Тогаш кога најмногу не можеш, тогаш најмногу мораш

Веќе некое време шетам од еден лекар до друг. Имам проблем со здравјето ама не знам во што е проблемот. Не сакам да се задржувам кој лекар, како изреагирал на моите симптоми, во главно. никој нема идеја што се случува со мене. Одиме по пат на елиминација..

Јас се мачам да си ги дефинирам симптомите, лекарите не можат да се изначудат. Во мене се буди сомнеж дека сите ме гледаат малку со недоверба, дека можеби јас само си умислувам дека не ми е добро.

Па си седнав на муабет со моето другарче Google, што знае ама баш се’. Кој е овде луд?

Сретнав многу интересни работи и дознав нешто за оваа посебна врста што се нарекува човек ,па и јас како преставник.

Борбата со болестите, почнува со откривањето на нивната причина за да може да се дефинира и борбата со неа. Истражувањето на Калифорнискиот универзитет Berkeley потврдија еден необичен факт. Испитани се 15.000 пациенти и резултатите се многу интересни: историјата на повеќе од нивните болести е сосем иста. Сите имале опсесивна преокупација за некоја увреда што ја слушнале за себе и никогаш не ја простиле.

Тоа покажува дека има индиции, душевната и физичката состојба да се тесно поврзани и често да иницираат болести врз основа на темпераментот, начинот на живот, навиките. Каков е карактерот, такви се и болестите. Телото е само огледало кое ги одржува нашите невидливи мисли и чувства.

Научниците го опишаа процесот. Крвните садови во случај на депресија се сообираат. Кислородот и хранливите материи кои се неопходни за организмот не доаѓаат до одредени органи , до нервниот и имунолошкиот систем. Имунитетот ги буди клетките на ракот кои постојат и живеат во секој човечки организам.

Имунитетот ги држи невидливи и под контрола, се до моментот кога ќе се случи “експлозија” па веќе никако не можете да ги запрете. Тогаш луѓето заболуваат од рак. Можеби не е потврдена поврзаноста меѓу карактерот и некоја болест ( уште е во фаза на истражување) но поврзаноста на психата и здравјето е можна и многу веројатна, повторуваат не само во психологијата туку и лекарите низ праксата. Докторот Јуриј Кач- оваа поврзаност ја проучува неколку години.

Според неговата теорија, во човечкото тело има 12 канали-меридијани. Секој од нив е поврзан со одреден внатрешен орган. Постојаните стресови, силни емоции, можат да доведат до затворање на каналите и да предизвикаат болест. На пример, емоција –гнев, влијае на срцето. Ако човекот е полн со омраза и презир страдаат црниот дроб и желудецот. Луѓето кои живеат во постојан страв обично заболуваат од бубрезите и мочниот меур. Оние кои се песимисти и кои се духовно слаби-депресија, тага, кај нив се рушат функциите на дел од системот и доаѓа до фатален крај.

Терминот психосоматски болести постои од 1818 од германскиот психијатар Heinroth. Самиот збор укажува дека причината за болест не се вируси и бактерии туку психичките проблеми. Дијабетес, бронхијална астма, болест на срцето, хипертензија, чир на желудец, хормонски дисбаланс, тоа се само дел од болестите кои можат да бидат психосоматски.

Човекот не вообразува дека е болен туку навистина има здравствен проблем. Но, реално неговата болест е испровоцирана со душевни проблеми во неговиот живот. Некоја тага, трагедија и продолжен стрес. Зошто во некои случаи негативната енергија се претвора во дијабетес а во друг случај во чир­?

На ова пробал да одговори Сигмунд Фројд. Според него, душевната болка, ќе ја прими на себе органот со кое било поврзано тоа искуство. Пр. Ако човекот одеднаш ослепи, значи подсвесно не сака да го види овај свет. Познатиот лекарт Франк Алексадер има пак друга теорија: Потполно здрави луѓе нема. Кај некои срцето не е добро, кај некои белите дробови. Тие проблематични органи први страдаат, без оглед какви искуства има човекот. По принципот, каде е најтанко, таму се кине. Можеби и двајцата се во право.

Психосоматските болести во секој случај постојат. Приказните од типот како некој човек оздравел а бил на смртна постела, се феномени за кои сите сме чуле. Сите тие приказни имаат нешто заедничко. За да оздрави човек прво траба да се среди во главата, да се наполни со убава енергија која ја има насекаде, што можам од свое искуство и да потврдам, тоа е многу долг и тежок пат, кој мора да се изоди за да ги научиме лекциите кои се за нас. Најпрво треба да се биде позитивен и да не се дозволи да не совлаадаат црните мисли. Животот е убав! А сега се ова да им го објаснам на моите лекари….

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: