Секогаш имаш право на избор, ама тоа право не го користш често и го ставаш фокусот на другите луѓе.
Тогаш си ја одземаш моќта и стануваш немоќен човек кој зависи од другите. Она што ти е дадено – послужи се!
Земај го животот во свои раце. Не велам дека е лесно, но чувството кое доаѓа со текот на времето е незаменливо. Вежбај нова приказна по твоја мерка и не престанувај да се надеваш.
Тоа се ЧУДА кои ти го бојат животот во други бои. Убаво е чувството на моќ, ако знаеш дека имаш избор и одлуката која секогаш е твоја, која ја содржи љубовта кон себе.
Така им го даваш својот најголем дар и на другите дека и тие можат само ако сакаат.
by Рита
Leave a Reply