Срцето е на нашата страна

Времето течи во нашата реалност и ние сме ограничени со тоа време. Некогаш тоа време толку нѐ притиска што често забораваме она што ни е важно.

Ги завршуваме механички обврските, се губиме и забораваме да се вратиме во СЕГА. Кога секој би застанал за миг и би слегол од умот во срцето, веднаш ќе му стане јасно дека таму нема ограничувања, таму точно знаеме што треба да направиме.

Срцето е на нашата страна и таму има време за сѐ и сѐ ќе дојде во вистинско време. Ништо нема да нѐ одмине, бидејќи срцето ги знае тајните на универзумот.

Работи она што сакаш и сѐ ќе се врати како подарок од Бог во твојот живот. Оди по патот на срцето.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: