Колкава е силата на твоите мисли?

Ќе привлечеш во својот живот и тага и радост и среќа и несреќа и љубов и страв, а тогаш ти преостанува да се бориш со тоа. Тогаш ти останува да се натегаш и да бараш вистински димензии, да бегаш од една до друга и назад.

Привлекуваш сешто во својот живот, бидејќи сешто и си размислувал, а тоа ќе остане расфрлано по тебе и ќе исплива дел по дел, како делови од сеќавања и спомени кои те пратат на секој твој чекор, а посебно тогаш кога ќе останеш сам и кога повеќе не знаеш што со себе и со својот живот.

Ќе привлечеш во својот живот сешто, а тогаш се’ ќе те фрли на под, бидејќи не си јак, а си мислел дека си, те фрла бидејќи никој не те советувал како да се живее иако главата ти ја наполнале со се’ и сешто.

Ќе ти остане тогаш да се кренеш како знаеш и умееш, да бараш причини зошто тоа ти се случило и како да продолжиш понатаму.

Ќе привлечеш во својот живот сешто, бидејќи не сфаќаш колкава е силата на твоите мисли и колку е се’ она што го правиш всушност резултат на она што си мислел.

Ќе привлечеш во твојот живот луѓе кои нешто ќе видат во тебе, а тогаш на сите начини се трудиш да ги задржиш, правејќи од себе се’ она што не си. Некои од нив ќе ти зададат рани, некои ќе ти остават лекција а некои стануваат благослов кој ќе те прати цел живот.

Ќе ги привлечеш со начинот на кој зборуваш, начинот на кој се смееш, начинот на кој молчиш, ги привлекуваш со својата љубезност, трпение, доследност, чувство за близина, нежност, хумор или без тоа.

Привлекуваш така секој ден многу работи и луѓе и сите тие оставаат простор за борба, да бараш приоритети, да пополнуваш време и да ја бараш смислата за својот живот.

Не се плаши, бидејќи тоа така оди! Мислата е моќна работа, толку моќна што твојот живот може да го крене на пиједестал или да го фрли во провалија, бидејќи она што размислуваш ги обликува твоите зборови и дела, го обликува твоето однесување кон другите и твојата судбина.

Размисли малку како размислуваш, тоа е за почеток добра инвестиција за подобар живот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: