Својот живот го уништуваме, кога ќе престанеме да веруваме во она што од нас се бара, да ја покажеме својата најдобра верзија.
Се уништуваме себе си, кога ќе престанеме да ги почитуваме работите кои не’ направија она што сме и кога ќе ги затвориме очите пред проблемите во кои се наоѓа светот околу нас.
Својот живот го уништуваме, кога ќе престанеме да го живееме секој нов ден, мислејќи дека е доволно она што еднаш сме направиле и оствариле во својата младост и затоа мораме да се одмараме.
Својот живот го уништуваме, кога ќе почнеме на своите стравови да му даваме шанса, секојдневно да се повредуваме во своите мисли и да му дадеме цела лепеза свои чувства.
Наеднаш се губиме во просторот и времето и повеќе не знаеме ни кои сме, ни што сакаме.
Својот живот го уништуваме, кога немаме сила да се справиме со злото кое ги нападнало нашите блиски, само затоа што сеуште не дошло до нас, па се однесуваме како патниците во прва класа, кои на Титаник пееја и танцуваа додека тие во потпалубата тонеа.
Својот живот го уништуваме кога премногу одиме по работ на провалијата било во морална, емоционална, ментална или физичка смисла и сметаме дека ништо нема да ни се случи, ако до сега не сме паднале во провалија.
Својот живот го уништуваме, кога ќе почнеме да ги рушиме сите мостови кои ќе ги поминиме, бидејќи ќе се расправаме со сите луѓе со кои сме работеле и живееле не прашувајќи дали проблемот бил во нас, а не во тие други луѓе.
Својот живот го уништуваме, кога ќе престанеме да ги почитуваме луѓето кои се’ за нас дале, сметајќи дека биле должни тоа да го направат, и дека секое добро дело од другиот се подразбира, но не и од наша страна.
Го уништуваме својот живот кога ќе го прекинеме ланецот на љубезност бидејќи сметаме дека тоа е непотребна сентиметалност и кога од сето тоа ќе ни остане сурова реалност. И на крајот ако се откажеме од сите идеали кои некогаш сме ги имале.
Така го уништуваме својот живот.
Leave a Reply