Понекогаш сакаш да побегнеш од се’…

Понекогаш сакаш да побегнеш, да не се свртиш, бидејќи ќе се уплашиш од силните чувства, а не си подготвен повторно да бидеш повреден.

Тешкиот товар ионака веќе го носиш и не би можел и ронка повеќе да поднесеш, а да не се срушиш. И бегаш. И трчаш толку далеку да стигнеш, толку далеку, за да можеш само да заклучиш, дека трчајќи си направил круг и си дошол повторно на исто место, сега не само уплашен, туку веќе и уморен од трчање.

Немаш повеќе сила ни за бегање ни за страв. Се предаваш, до некоја нова бура, која ќе го разбранува минатото. Како да се излезе се прашуваш, како да се спасиш од повторување и шаблони во кои си заробен и како да се смириш, а да не умреш; како да се сака, а да се биде безбеден од болка; како да траеш во тој момент на предавство, а тој тренд да не те сруши.

Многу прашања, а одговор нема. Стравовите не’ одредуваат. И се додека тие постојат нема потполно препуштање. Тогаш и кога сме со некој се осветуваме за некои бивши ранувања и авансно ја наплатуваме новата болка.

Со љубовта, треба да постои и родителска нежност и трпение. Тек ако некој може да не’ сака како да сме му и жена и ќерка и мајка, дури тогаш може да не’ разбере. Тек ако некој го сакаме како маж и брат, татко или син, тек тогаш можеме да се ослободиме од стравот.

Или сме се’ еден на друг или ништо. Парцијалната љубов создава од нас функционални машини. За заедништво е потребен цел човек. Двајца такви.

Бранкица Дамјановиќ.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: