Тешко не е исто што и невозможно

За жал многу луѓе се поистоветуваат со две стварности. А се’ што е тешко не е ништо друго туку еден облик на раст и созревање, претворање на гасеница во пеперутка.

Не можеме напред ако своите сили не ги ставиме на располагање, ако не сме подготвени да се испотиме, да добиеме плусканици и чекор по чекор да освоиме нов простор.

Се’ што треба е време и добра доза на трпение. Додека оние кои сето тоа го поминуваат, ќе речат дека е тешко, оние кои не се обиделе ќе кажат дека е невозможно.

Има многу различни луѓе, но, една која најмногу дели се луѓето кои ќе се откажат. Има и такви кои ќе се откажат веднаш по првиот чекор, има и такви кои ќе истрчаат добар дел од трката, има и такви кои ги боли секој мускул на телото а сепак нема да се откажат, додека болката не стане интензивна, а има и такви кои не се откажуваат, се додека не дојдат до целта, додека трката не заврши.

Тоа се луѓе кои не се предаваат, кои знаат дека ова што моментално го поминуваат е вредно за конечната цел. Некои луѓе буквално докторирале на она невозможното.

Кога низ времето ќе ги погледнеме луѓето кои го развивале светот, знаеме да е она што тие го направиле во нивно време изгледало буквално невозможно. Другите ги исмејувале поради нивните цели, им зборувале дека нема да успеат, но тие имаа нескршлива вера во себе, вера која ги раздрма сите нивни способности и сила и не се смириле додека не стигнале до целта.

Тешко не е исто што и невозможно, секое утро тоа повтори го и тргни во создавање на нов живот. Поседуваш посебен дар за многу работи, само треба да го воочиш и да го развиеш.

Немој соништата да ти се распрснат а да не знаеш каде си бил, ни што си сонувал. Насочи се на подобрување на својот живот и како ласерски зрак фокусирај се во правец кој изгледа невозможно да се погоди.

Ќе видиш дека разликата во квалитетот на животот многу брзо ќе дојде, само затоа што не си се откажал.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: