Кој работи против мојата среќа?

Многу едноставно: го хранев своето его. Ја билдав гордоста. На добиена навреда возвраќав со навреда, бидејќи немав сила да простам, не разбирав дека мирот е поважен од порамнување на сметките.

Мислев, ако не возвратиш тогаш си слаб, а во стварноста е всушност поинаку; јак си ако простиш. Мислев да се прости нешто така тешко е невозможно, никогаш не сум се ни обидела, а всушност требаше само да се тргнам од своето его.

Работев против својата среќа кога ми беше најважно да бидам во право, отколку да дозволам можноста да се почувствувам среќна. Барав аргументи и докази да покажам дека единствено мојот став е исправен, дека единствено моето размислување е веродостојно, дека единствено моите чувства се објективни, а она што се случува на другата страна нема никакво реален темел и затоа со сите рационални оправдувања се обидував да докажам нешто недокажано.

Работев против својата среќа кога се споредував со другите. Наместо да видам каде се моите слабости и да се обидам на тие подрачја да се изградам, одев да градам кули од песок, да покажам како мојот свет е подобар од другите, а тогаш при првиот бран на животот, се’ се сруши.

Но, тука не се опаметив, повторно продолжив со истата политика, да градам лажни кули наместо да се споредувам со предходната верзија своја и да се обидам вчерашниот себе да се надминам.

Работев против својата среќа, кога барав оправдувања, зошто не можам да работам она што сакам и лута бев на себе и својот живот. Секогаш наоѓав докази во кои тврдев дека другите се родени под среќна ѕвезда, дека имаат поголеми шанси, а мене животот не ме мазел туку ме турнал во провалија од која сама морав да се вадам.

Работев на стотина начини против својата среќа се додека не сфатив дека среќата доаѓа одвнатре и кога ќе почнам да работам онака како што ми кажува душата ќе бидам среќна.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: