Што чекам јас?

Секој пат кога ќе ве фати некоја меланхолија или некоја тага, поставете си прашање: Што чекам јас?, а тогаш тоа и направете го.

Кога ќе излеземе од својот колосек, уште не приметуваме некоја голема разлика, но, што повеќе се оддалечуваме од својот животен пат, почнуваме да чувствуваме се’ поголем внатрешен немир и незадоволство. Додека сме блиску до својот вистински пат, помислуваме како секогаш сме во можност да се вратиме кога ќе посакаме на вистинскиот пат и да живееме за она што сме создадени. Ако многу време се чувствуваме неисполнето и неостварено, мораме повторно да се преиспитаме што е она што сакаме да направиме.

Ако себе си си кажеме дека е невозможно да се занимаваме со тоа што посакуваме, тогаш повеќе нема да се трудиме да направиме нешто друго, а не пак да бараме начин, а секако немаме право ни да се жалиме.

Кога повторно ќе избереме погрешен пат, тогаш тоа не е несвесна грешка, тоа е наш избор. Затоа секогаш тежиме кон поедноставен начин на живот во кој се занимаваме со нешто посебно, не затоа што тоа од нас го бараат другите, туку затоа што во тоа се чувствуваме убаво.

Секогаш е можно да посветиме еден мал дел од своето време на она што сакаме додека од тоа не израсне погон кој сам ќе може да не’ води напред.

Животот со смисла почнува кога ќе ги преиспитаме своите цели и кога со цело свое срце можеме секогаш одново да стоиме покрај нив бидејќи не’ привлекуваат.

Треба да престанеме да размислуваме во контекст на големина, а да се насочиме во контекст на смелост. Тоа ни зборува дека не е секогаш најдобро она што е најмногу, што е материјално нај исплатливо, туку во она, каде што можеме да пронајдеме рамнотежа и смисла, онаму каде што најдобро се гледаме себе си.

Затоа кога ќе се почувствувате празни и неисполнети, вратете се на она што сакате да правите, што ве прави среќни, бидејќи само така најдобро ќе живеете со полни гради.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: