Ако јас лажам,
Срцето не лаже.
Ако јас лажам,
Душата не лаже.
Ако јас лажам,
Насолзените мои очи не лажат.
Ако јас лажам,
Погледот кон тебе не лаже.
Ако јас лажам,
Моето треперење кога си до мене не лаже
Ако јас лажам,
Не би била секогаш околу тебе, и кога не си до мене.
Ако јас лажам,
Не би ги исчекувала твоите пораки со нетрпение.
Ако јас лажам,
Не би те вклучила во мојот свет, иако забранет.
Ако јас лажам,
Не би го криела она што сум и како се однесувам.
Ако јас лажам,
Не би те запознала со пријатели кои ми се блиски и моето однесување кон нив е исто и кога не си со мене.
Ако јас лажам,
Не би се криела она што сум.
Ако јас лажам,
Не би дозволила да толку влијаеше на мене.
Ако јас лажам, изговарајќи ги зборовите толку отворено и гласно ТЕ САКАМ,
Тогаш не би биле искажани воопшто.
Ако јас лажам,
не би била воопшто во близина
Ако јас лажам,
Не би ги делела моментите со тебе
Туку би била далеку од светот кој го викам наш.
Ако јас лажам,
Зарем би го посакала најдрагоценото нешто од тебе кога ќе заминеш.
Ако јас лажам,
Зарем би била и сега тука пишувајќи.
Зарем не е доволно да сватиш
Дека си ми и ќе бидеш секогаш се’.
Моја единствена и непрежалена љубов која никогаш нема да биде вистинската со која би била видена во реалноста.
Болката е голема за она што мора да се крие мојата љубов кон тебе,
И единствено за неа морам да лажам дека не постои, кога постои во забранетиот свет.
Tasha
Leave a Reply