Простувањето почнува тогаш кога ќе почнеме да се грижиме за себе

Толку убави поуки за простување, но, како навистина да успееме да простиме? Спротивно на тезата за тоа дека треба да бидеме ‘над’ ситуацијата – прашањето на простувањето е дали грижата за себе, своето здравје и својата ментална и нервна состојба можеме да ја поврземе со ужасната деструкција, како емотивната, така и психолошката, која не’ обзема поради претрпена болка, која ни ја нанесе некој близок, важен, најважен…

Голем број на гуруа, само повторува- прости, прости, но, не ти даваат смерници како тоа да го направиш кога не си ни светец а ни бесчувствителен.

Основниот проблем во теоријата на простувањето, како што нема да ти кажат сите тие кои се на невидено духовни висини- од која всушност и не можат да разберат, колку боли скршено срце- за да му простиш на некој, мораш прво да почнеш да мислиш на себе, бидејќи цело време само мислеше на оној кој те повреди!

Мислеше толку јако и интензивно не само дека заборави на себе, туку тие киселите, тешки, отровни мисли и сеќавања почнаа сериозно да ти го нарушуваат здравјето и соништата и нервите и способноста за расудување.

Простувањето кое всушност почнува на парнасовски висини на величенственоста на нашата душа, за да можеме да му простиме на некој кој ни направил отворена скршеница на душата, простувањето почнува со нашата одлука да го спасиме својот гол живот и да не дозволиме емотивната повреда да не’ убие!

Е, тоа е она што не не’ учат и не ни кажуваат, додека полудени повторуваат- прости, прости… Простувањето почнува тогаш кога ќе сфатиме, дека под хитно мораме да почнеме да се грижиме за себе- било да сме украдени, предадени, опљачкани, оставени, отпуштени- ако лачењето на кортизолот, продолжи да биде наша доминантна животна биохемиска акција подолго од седум дена, сериозно ќе го загрозиме нашето ментално и физичко здравје или двете. Простувањето, почнува со нашата свест дека сме дозволиле да бидеме два пати повредени- првиот пат кога се соочивме со она што ни е направено, кога доживеавме шок и разочарување и другиот пат кога не станавме свесни дека перманентното размислување за тоа, може да не убие, ама буквално!

Но, наместо вештината на дефокусирање од претрпениот ужас да се учи во училиштата, кај нас личноста која преживеа траума, предавство, неверство, веднаш од кога стана жртва, те тера да мора да простиш, а со тоа ти ‘качи’ нова вина- дека е толку бедна душата што не е способна да прости.

Така на фрекфенциите на жртва се додава и вина- а со доминантното чувство на немоќ и вина, скоро па сигурна добивка е болест и депресија или дури самоубиство!

Значи, спротивно на се’ што ви рекле- простувањето на другите почнува со одлуката да се грижите за себе и свеста дека таа грижа и милост ви требаат- бидејќи најчесто оние кои бараат простување немаат време да се грижат за вас!

Значи, простувањето почнува така што сами го уклучуваме алармот кој ќе ни каже дека е на сила автодеструкција и ако хитно, но, хитно, не ги уклучиме сопствените сили на самоодржување, болката може буквално да не’ разори и да не’ убие или да не’ натера да се убиеме- бидејќи се точни хипотезите, ако го добиваме оној терет што можеме да го издржиме, светот не би бил полн со самоубици!

Значи, чекор прв, освестување дека животот и здравјето се загрозени поради мисли и емоции кои ги вртам по главата- чекор втор, одлуката да се грижам за себе или поточно да се погрижам овој продолжен шок да не ме убие- дали се сакам себе си доволно, кога другите ме повредија, па да продолжам тоа да го правам со своите сопствени мисли?

Ако да – веднаш ќе преминам на санација, ако не- тогаш следи соочување со тоа зошто себе не сум во состојба да се сакам и како да го исцелам тој дел од себе?

И затоа, каква и да е вашата ситуација, сетете се на овие зборови: Прости им на другите, за да не го уништуваш своето здравје, вртејќи по душата што си направил, не лудувај и не лути се за да не ги уништиш своите нерви со вишок на кортизол, не им завидувај и не им прави ништо лошо на другите за да спиеш мирно, направи нешто за својата среќа, бидејќи тогаш и на другите ќе им бидеш среќен, накратко луѓето кои имаат милост кон себе, автоматски ја демонстрираат и кон другите, кога е човекот суров кон себе, ма како да верува дека е правољубив и добар, тој е суров и кон другите.

Исидора Бјелица

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: