Причината зошто боли толку кога се разделуваме, е тоа што нашите души се споени

Причината зошто боли толку кога се разделуваме е тоа што нашите души се споени. Можеби секогаш биле и ќе бидат. Можеби сме живееле илјадници животи пред овој живот и во секој живот сме се наоѓале еден со друг. И можеби секогаш сме биле присилени да се разделиме поради истите причини….

Кога те гледам, ги гледам твојата убавина и милност и знам дека тие стануваат се поголеми со секој живот што го живееш. И знам дека го потрошив секој живот пред овој во потрага по тебе. Не по некој како тебе, туку по тебе, бидејќи твојата и мојата душа секогаш мора да се спојат. И тогаш, поради некоја непозната причина за нас, ние сме принудени да си речеме збогум.

Би сакал да можам да ти речам дека се’ ќе работи за нас и да ти ветам дека ќе сторам се’ што можам за да се случи тоа. Но ако никогаш веќе не се сретнеме и ако ова е навистина збогум, јас знам дека ќе се видиме пак во друг живот.

Ќе се најдеме пак и можеби ѕвездите ќе бидат поинакви и ние ќе се љубиме не само во тоа време туку за сите времиња што сме ги поминале. “

‘Страници за нашата љубов’ – Николас Спаркс

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: