Кога ќе заврши она што го започнавме, Ќе заврши се’, ќе заврши и таканаречената наша љубов. Свесна сум за болката што следува, но искрено поради сознанието дека тука завршува, сум подготвена смело да ја поднесам.
Знам и доволно сум свесна дека она поради кое започна се’, е главната причина за која беше со мене. Свесна сум за разликата наша…
Во големата разлика на забранетото. Велеше дури ни е убаво, до тогаш ќе трае. Ме убедуваше во твојата љубов со недоизречени на пола зборови- те сакам, додека јас целосно ги изговарам.
Ме убедуваше дека си човек кој што тешко верува, а веруваш само во исполнување на она што го започнавме. Да, ти помогна во дадениот момент, јас исто така многу пред и после тоа.
Но, никогаш не го гледав како цел да се заврши и нашето. Бесцелно можеби верував, можеби слепо се надевав, мислејќи дека за прв пат ќе почувствувам топлина која одамна ја имав заборавено.
На неколку пати без престан ми го споменуваше моментот дека во тежок момент сум те начекала па си морал да молчиш поради тоа… Тоа е најтешкото нешто што можеше да ми го кажеш и директно во срце да ме погодиш кое ионака многу има пропратено.
Срцето кое целосно се предаде, сега наполу скршено, го чека моментот кога ќе заврши се’. Ќе заврши се’, и тоа баш затоа што ти едвај го чекаш, тој можеби драг момент за тебе.
Ќе заврши се’ и ќе бидеш ослободен од тоа што мислиш дека некој те држи. Боли, многу боли.. но ако, уште една лекција нова научена откако ќе заврши се’.
Tasha
Leave a Reply