Последен збор

Кога почнуваш да ги пишуваш последните зборови наменети за љубовта која премногу ти значи, кога пред твоите очи го гледаш она што се губи, знаеш дека доаѓа крајот.

Виновник не барам, затоа што само себе би се посочила. Зошто?

Тоа прашање е со милион одговори, за кои залудно би го мачеле дополнително моето срце. Виновна сум знам. Виновна сум за секоја постапка која со отворено срце се предадов во твоите прегратки.

Тие тогаш беа толку цврсти, што мислев дека никогаш нема да ме пуштиш. Толку силни, што за прв пат се осетив сигурна. Мислите едноставно ми беа вперени само кон тебе, и за ништо друго не бев свесна дека може да се случи она од што цел мој живот трептев. Да бидам повторно повредена.

Да, виновна сум, затоа што на твоите зборови верував, што на твоите дела кои иако во тој момент беа од помош за двајцата, беа онаа главна причина за која остана со мене. Виновна сум, што дозволив да се почувствувам лошо кога ми велеше дека во момент кога си најранлив си дозволил некој да манипулира со тебе, а за сето тоа ме набедуваше мене, а не оние кои што те направиле таков.

И искрено виновна, што во тие најтешки моменти бев покрај тебе иако во сите тие навреди, бев потпора за која мислев дека ти е потребна. Болката да биде уште поголема, верував во она што од самиот почеток беше јас и ти, а да во исто време бидеме целосно затскриени позади некоја реалност, за која моравме да се криеме од сите погледи. И кога се чувствуваш виновен, а во истовреме сам си го потврдуваш тоа, со самото давање на тие одговори од кои сакам да избегам.

Да бегам од она што претставува неизмерна болка, која долго време ќе го поткопува моето срце. Верував дека никогаш нема веќе да го предадам за да не бидам повторно повредена, но сега, сега кога по втор пат го поминувам истото, можам само да го дадам мојот последен збор… Ветувам…

Ветувам дека никогаш, ама баш никогаш нема да дозволам да моето срце повторно пати. Затоа што срце веќе не постои. Обвиткано и скаменети, само ќе продолжи да управува со и она малку што остана живо во него, а тоа е дека никогаш нема да дозволам да дадам последен збор.

Tasha

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: