Каде што има љубов таму нема его

Каде што има љубов таму нема его, нема одбрана, нема осуда и изедначување според она што другиот ни прави. Тоа што тој прави не нѐ допира нас и ние немаме ништо со тоа.

Тој нас не’ чувствува, затоа што енергетски комуницираме и штом нема отпори на нашето его и ум, нема ни предизвици тој да трча кон нашите одбранбени бариери.

Не размислувајте дека во тешките моменти морате да направите некои спектакуларни чуда со кои на другите ќе им ги зацелите раните.

Чуда се оние најобични работи кои ни се при рака секој ден: нежно гушкање, топол допир, убав збор, искрен поглед.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: