Никогаш не се жалете на било кој или било што, бидејќи во основа од својот живот направивте она што сте сакавте. Прифатете ги тешкотиите поучни за себе, а нивната вредност искористете ја да го поправите својот карактер.
Триумфот на вистинскиот човек произлегува од пепелот на сопствените грешки. Никогаш не се жалете на вашата самотија или својата среќа. Соочете се храбро и прифатете ја. Тие се последица на вашите дела, обиди и доказ дека секогаш имате добивка.
Не се чувствувајте фрустрирано поради своите сопствени неуспеси и не ги растоварајте на некој друг. Прифатете се себе си сега или продолжете да се правдате како дете.
Запомни дека секое време е добро за почнување и дека нема ништо страшно, за да се откажеме. Учи од храбриот, од јакиот, од некој кој не ги прифаќа ситуациите, од некој кој ќе живее и покрај се’.
Размислувај помалку за своите проблеми, а повеќе за своето делување. Научи како да се издигнеш од својата болка и да бидеш поголем од својот најголем проблем.
Погледни се себе си во огледало и ќе бидеш слободен и јак. И ти ќе престанеш да бидеш ‘кукла’ на околностите. Разбуди се и гледај во сонцето во утринските часови и диши сонце во зора.
Стани, бори се, оди, биди сигурен дека во животот ќе бидеш победник. Никогаш не размислувај за судбина. Таа е изговор за неуспех.
Pablo Neruda
Leave a Reply