Плашете се повеќе од каењето, отколку од неуспехот

Ќе биде подобро кога ќе разбереш, дека не треба да бидеш воин за да успееш. За вистинскиот успех мора да се бориш со добрина, а не со тактика.

Ќе биде подобро кога ќе сфатиш, дека на врвот има место за сите. На врвот има место за секој, кој ќе поведе со себе таму, уште повеќе луѓе. Ќе биде подобро кога ќе престанеш да се чуваш, да не веруваш.

Ќе биде подобро кога ќе престанеш да се гледаш само себе си, зошто тогаш не гледаш подалеку од носот. Успехот им доаѓа само на визионерите. Ќе биде подобро, кога ќе престанеш да веруваш дека сѐ има цена. Денес луѓето се подготвени да ги изневерат своите принципи поради парите, а никогаш поради љубовта, иако треба да е обратно.

Сите тие воини се всушнист кукавици. Тие војуваат само за оние кои им ветиле нешто, само за она што можат да пребројат и да опипаат, а не за своите идеали. Ќе биде подобро, кога ќе сфатиш дека не мораш да се тркаш, бидејќи тркачите знаат, само како да стигнат до целта и не знаат понатаму од тоа.

Кога ќе разбереш дека не мораш да бидеш играч, тие ги знаат правилата на играта, но не и правилата за животот. Да не бидеш најдобар од сите, туку подобар ТИ од вчера.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading