Не плашете се од човечките гревови, сакајте го човекот и во гревот, бидејќи кој го сака човекот грешен, ја препознава Божјата љубов, возвишена љубов на земјата.
Сакајте ги сите божји суштества и секоја ронка. Сите и сѐ. Секој лист и секој божји зрак. Сакајте ги животните, сакајте ги растенијата. Ако така сакаш – ќе ја разбереш и божјата сила во работите.
И тогаш ќе го разбереш и животот со смирена љубов. Ако живееш така, цел свет ќе можеш да го придвижиш. Љубовната смиреност е страшна сила, од сите најјака, и нема равна на светот!
Секој ден и час, секој момент внимавај на себе и чувај се себе си, да ти биде ликот благопријатен. Ете си поминал покрај некое дете, те видело намуртен и лош, можеби таа слика останала во неговото ранливо и незаштитено срце.
Тоа веќе го знаеш, но можеби веќе си фрлил лошо семе во неговата душа, а тоа семе можеби ќе порасне, само поради твоето не воздржување, бидејќи во себе не си пораснал внимателна љубов.
Leave a Reply