Не ја барај среќата,таму каде што си ја изгубил

Се ќе дојде на свое место, во вистинското време, за секој од нас. Само, ако забележите дека сакате да задржите ас во ракавот, додека ногата ви е во воздух и го правите првиот чекор кон својот сон, застанете.

Но, кога ќе застанете изберете страна.

Која и да е, за да бидете стабилни и на своите нозе. Ако се обидувате да го задржите и едното и другото, внимавајте, може да биде ‘нестабилно’. Можете да изгубите рамнотежа и истовремено, да го изгубите патот кон она што го сонувате.

Не е страшно ако сеуште сакате сигурност, ќе дојде време за остварување на сништата, ако сега не сте го препознале тоа време. Но, исто така имајте свест дека не е можно условување за начинот на кој сонот ќе се оствари, бидејќи сонот има крила, го носи силата на слободата и исполнувањето и се забрзува токму со неусловување.

Каде и да сте во овој момент, во ред е.Само слушнете ја својата интуиција и пратете ја својата одлука. Не ги кршете крилата на своите соништа, пуштете ги, ќе се вратат кога ќе бидат подготвени.

И бидете благодарни, секогаш и на се’, имате причина…

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: