Cuang Ci, прославен кинески писател, раскажува приказна за Cu Pingman, ученик кој сакал да научи како се убиваат змаеви. Барал учител и го нашол.
Учителот го учел Pingman како да ги убива змаевите се додека не ја совладал техниката до совршенство. Од тој момент, Pingman го поминал остатокот од својот живот барајќи змаеви за да им докаже на сите колку ја совладал техниката која толку долго ја учел. Меѓутоа, на свое големо разочарување, никогаш не го пронашол.
Наравоучение :Сите ние, цел живот се подготвуваме да убиваме змаеви. На крајот ќе не изедат мравите на кои воопшто не сме обрнале внимание.
Leave a Reply