Барајте само љубов и дајте само љубов


Кога некој ти направил некое зло во твојот живот, те лажел, изневерил, повредил, ранил, немој да наоѓаш оправдувања за тоа.

Барајќи оправдување, ти и понатаму страдаш и сигурно нема да ти биде полесно. Кога некој ќе направи некое зло во твојот живот, немој да молчиш, да го ставаш под тепих, бидејќи тогаш најмногу зло си правиш себе си, намалувајќи го она што не е воопшто ‘мало’ и што те боли.

Кога некој направил некое зло во твојот живот дај му до знаење дека те повредил со својата маска, со своите лаги, со своите валкани игри или со било што друго, бидејќи тоа е единствен начин за одбрана од болката која ти ја нанел.

Правејќи се дека ништо големо не се случило, всушност се случува најголемата негативна работа која можеш да ја замислиш, газиш по себе, ја гушиш самодовербата, ја рушиш основата на својот иден живот и во себе носиш тивок немир, од кој никогаш во потполност нема да се ослободиш.

Иако таа личност ја сакаш повеќе или помалку, љубовта не дозволува по неа да се гази, да биде крпа за туѓите фрустрации. Со спуштање на квалитетот на својот живот, ја губиш довербата во таа личност и најстрашно од се’, почнуваш да размислуваш, дека сите тие повреди на љубовта, се доказ дека таа е голема и се прогласуваш како маченик во животот.

Љубовта не толерира изговори, љубовта бара љубов, бидејќи личноста која навредува, понижува и го ранува другиот, не е среќна личност и не може да биде додека не почне да сака.

Помогнете му на другиот, да почне да сака. Ако веќе е преполн со удари и повреди, па тоа однесување го манифестира на вас, дајте му до знаење дека злото, треба да се прекине што побрзо.

За да дојде до зацелување и помирување, потребно е простување но, потребно е злото да се признае, да се елиминира од својот живот, а не да се оправдува и за него да се бара изговор.

Барајте само љубов и дајте само љубов, а се друго ќе си дојде.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: