Ако ме пронајдеш, задржи ме

Потполно е во ред да паднеш и да се чувствуваш лошо, но немој да се обвинуваш за тоа. Во тие моменти, само реши дека моќта е во тебе и дека ТИ бираш како ќе се чувствуваш.

Застани, диши длабоко неколку пати и прашај се:” Што да правам сега а да ми биде добро?” Слушај ги внимателно, сите одговори секогаш се во тебе и невозможно е да не ги добиеш.

Треба само да се свртиш кон себе, на своето внатрешно битие и да го послушаш што треба да правиш.

Прво поверувај па ќе видиш! И тргнувај- направи го тоа! Дали тоа ќе биде прошетка, природа, читање книга, не е важно, важно е да научиш како да се слушнеш себе си и да направиш така како што се чувствуваш. На тој начин свесно си одлучил дека тргнуваш кон промена и не се здржувај во состојба која не ти годи, веќе си направил акција и сигурно ќе почувствуваш дека нешто се променило.

Ние сме креатори и исклучиво од нас зависи дали нешто ќе се смени или не. Од секоја ситуација постои излез, ама ние не го гледаме, бидејќи упорно го бараме излезот на погрешни места. Малку се слушаме себе си, премногу се фокусираме на моменталните околности и се чувствуваме заробени и беспомошни.

Само еднаш свретете се кон себе си, направете акција во која ќе чувствувате задоволно во дадениот момент и на тој начин станувате господар на сопствениот живот.

Можно е! Пробајте и ќе видите дека сѐ што ви треба е токму тука во вас .

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: