Знаеш дека е крај..

Знаеш дека е крај, кога не сакаш ништо да објаснуваш. Знаеш, дека се завршило кога нема ниту еден збор, кој ќе го изговориш со надеж дека ќе поправи нешто.

Знаеш дека е крај, кога повеќе не веруваш дека нешто ќе се промени. Знаеш дека е крај, кога не се плашиш од крајот. Знаеш дека е крај, кога немаш желба да го промениш лошото мислење за себе- те уморува седењето во собата на сопствените грешки и непрекинато покажување, на лошто што можеш да бидеш или веќе си.

Знаеш дека е крај, кога секоја ситница е извор на недоразбирање. Знаеш дека е крај, кога нема добра волја. Знаеш дека е крај, кога не ти е тешко што се завршува, ниту ти се застанува.

Знаеш дека е крај, кога ќе почувствуваш, дека се истенчи љубовта која врзуваше. Знаеш дека е крај, кога не сакаш било што да кажеш, само ти се молчи.

Знаеш дека е крај, кога ти е сеедно дали е во соседната соба или во соседниот град. Далечината се случила, размерите се небитни. Знаеш дека е крај, кога не се лутиш.

Знаеш дека е крај, кога не навредуваш. Знаеш дека е крај, ако ти е чудно кога ќе се допрете, случајно- тоа не се рацете кои те гушкаа со љубов.

Тогаш знаеш дека е крај. Знаеш дека е крај и тоа сознание не те вознемирува.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: