Лошите денови не се време за жалење, туку време за борба

Лошите денови не се време за жалење туку време за борба. Тие не се моменти кога треба да се прогласиме себе си за вечни губитници и да почнеме бескраен низ од ‘жални песни’ за себе и својот живот.

Не е ни време во кое треба да се убиваме со бескорисни негативни рефлексии, да бараме виновници и причини како и зошто се’ тргнало наудолу. Лошите денови не се простор да се затвораме во себе и да престанеме да го живееме својот живот, кога почнуваме да животариме.

Лошите денови се време за борба, тие се тука да ги провериме своите сили, да си докажеме прво себе си, дека го можеме она во што се сомневавме, да им покажеме на другите дека границите на можното се таму каде што мислиме дека се.

Да веруваме дека секој ден, без оглед дали е добар или лош има причина зошто е таков каков што е. Лошите денови се време за да станеме подобри, да сфатиме дека среќна и успешна иднина не доаѓа сама од себе, туку мора да се подготви во сегашноста, со сите предизвици која таа ги носи.

Лошите денови не се време за жалење и мислата дека во туѓиот двор е позелено. Тие се тука само за да се ангажираме околу нашата градина, негувајќи ја. Тие се тука, да научиме да бидеме трпеливи, бидејќи никакви големи промени не можат да се случат преку ноќ.

Лошите денови се за да сфатиме дека сме сите ние дел од големиот природен циклус и дека после секоја олуја повторно доаѓа сонце, и по секоја зима стигнува пролет.

Лошите денови не се време за жалење, туку време за борба. Борба со своите навики кои не ограничуваат, навики кои не ни даваат да го развиваме својот максимум.

Кога ќе престанеме да ги гледаме лошите денови како некое проклество, ќе сфатиме дека најдобрите денови дури после нив доаѓаат а тоа се оние денови, поради кои сме се избориле, кога ни било најтешко, денови кои не’ научиле дека животот треба да се живее секогаш и кога оди добро и кога оди лошо.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: