Некој едноставно со поглед ќе ти нацрта насмевка на лицето

Ги гледам луѓето околу себе кои слушаат ама приемникот им е расипан…гледаат ама како да не догледуваат, ќе го вкусат а воопшто не го чувствуваат животот. Не ги препознаваат своите чувства.

Животната лекција ја доживуваат како неправда и го живеат животот ‘другите се виновни’. Си прават по свое, мислејќи дека се’ слушаат, гледаат и знаат најдобро.

Им веруваат на погрешните, а многу малку скоро ич себе си, бидејќи најмалку вложувале во себе и уште не се запознале вистински. Учењето за нив е завршено, заклучена е училницата што се вика Живот. Клучот фрлен во визбите на непотребните работи.

Животот ги предупредува, остава знакови покрај патот, но нивното заклучено срце не слуша и игнорира. На прашањето зошто животот е неправеден има само еден одговор.

Слушајте ја вистината во себе, таму се сите одговори… Слушаме ние ама колку разбираме.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: