Нема човек од кој не може да се научи нешто. Сите сме учители. На самите себе. Денешното време се нарекува и златно време на духовноста. Но и тука постои замка.
Каде што има духовност мора да постои и его. Цел универзум е базиран на поларитет и наспроти духот стои Егото. Што поширока свест, тоа по суптилни се триковите на Егото. Вистинската широка свест ова знае да го препознае. Во самиот себе, не кај другите. Тој што го препознава само кај другите, промашува да го препознае кај себе. А туѓото его всушност тоа и му го порачува.
Што мислите кој го гледа туѓото его? Душата? Не. Огледалото на нашиот надворешен свет е огледало на нашиот внатрешен свет. Нашиот, не туѓиот. Ако во нашиот внатрешен свет навистина постои хармонија и баланс, таа прво се манифестира во нашиот надворешен свет.
Во нашите односи со партнерот, родителите, на нашето здравје, децата и професионалниот живот. Едно без друго не постои. Инаку тоа не е будност. Тоа не е духовност. Тоа се добри обиди, но не вистинска хармонија.
Оној кој најмалку го сакате, покажува колку уште не се сакате себе си. Вистинската љубов значи единствено да се препознаеш себе си во другиот. Својата свест во туѓата свест. Своето Его во туѓото его.
Нада Бучевиќ
Leave a Reply