Не се согласувајте на ништо помалку, од она што го заслужувате

Во ред е, да ги сонувате своите соништа. Во ред е, да верувате дека сте способни за големи работи. Во ред е, да станете личноста која посакувате да станете.

Нашиот најголем проблем е, што во сите тие работи, некогаш не сме сигурни што е правилно, па забораваме на себе, не се подржуваме себе си, во своите соништа и не веруваме, дека можеме да правиме големи работи.

А се’ е така едноставно, само треба да престанеме да се бориме против себе.

Како лесно им веруваме на другите, не бараме од нив многу докази? Како лесно го ставаме својот живот во туѓи раце, давајќи им до знаење, дека имаме во нив доверба и дека, знаеме колку се способни да направат се’ она што посакуваат.

Но, кога се работи за нас, тоа малку тешко ни оди. Од себе бараме многу потврди и докази. Толку сомнеж си ставаме на себе, што за секој наш напредок, мораме со големи сили да се избориме, бидејќи носиме непријател во себе.

Престанете да се борите против себе, бидејќи нема да можете да сакате, ако не се засакате себе си, за друг не можете да се грижите, ако не се грижите за себе.

Толку енергија трошиме во своите секојдневни стравови, ако барем малку вложиме, во она што сакаме, се’ во нашиот живот ќе биде поинаку.

Толку сила трошиме во закопување на своите таленти, добро ќе биде, барем малку да потрошиме на нивното вадење на површината , се’ поинаку ќе биде.

Во ред е, себе си да се наречете победник и тогаш кога зад вас се наоѓаат многу загуби и порази, бидејќи тоа не се порази ако нешто од нив сте научиле.

Во ред е да не се согласувате, на помалку од она што заслужувате, бидејќи ја знаете својата вистинска вредност.

Во ред е да се обрне внимание, на оној тивок глас во вас кој вели: ‘Верувам дека можам да успеам’. Се’ е тоа во ред и се’ е така едноставно кога ќе престанете да се борите против себе.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: