Животот е прекраток за да го трошите на погрешни луѓе

Промената е постојана во животот. И нема напредок без промена. Таа носи одговорност. А одговорност е цената на слободата.

И тогаш си јак. Ако се сакаш себе си, можеш да ги сакаш и другите. Тогаш и луѓето кои ни одат по живци ги разбираме, бидејќи сме свесни дека секој поминува низ НЕШТО. Тогаш, благодарни сме и на семејството, што ни даде живот.

Велат сакајте го ова или она. Ширете љубов и тие приказни. Да, но што е со љубовта кон себе. Како јас да ви дадам љубов ако јас ја немам за себе? Како можете да ја прифатите туѓата несовршеност ако не сте ја прифатиле својата?

Љубовта прави место за разбирање. Му дава право на секој за свое мислење и постоење. Тебе и мене. Не мора да се сложуваме воопшто. Но, каде што постои љубов, работа, суштество, животно, ситуација, растение, човек, млад, зрел, стар има право на изразување и на постоење.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: