Колку емоции сме потрошиле на луѓе, кои не знаеле да ги почитуваат?

Колку емоции сме потрошиле во нашите животи на луѓе кои не знаеле да ги почитуваат? Сме влегле во однос со насмевка на лицето, а од другата страна, само ладен поглед.

Па, во прв момент помислувате дека ‘мразот’ кон вас е последица на умор, случајност или збир на околности. Кога вашата насмевка и убави зборови не помагаат, ќе сфатите дека пред вас, е ладна личност, на која не и’ е гајле што чувствувате, а уште помалку наклоноста, која кон неа ја покажувате.

По едно разочарување, влегувате во друг однос и работите, по некое време се повторуваат, се додека не ја сретнете личноста која го поминала истото, што и вие и која знае колку може да боли, игнорирање на чувствата и нивното потценување.

Но, не размислувајте и не планирајте, како на тие луѓе да им вратите, животот совршено ќе врати и ќе му плати, на секој по мерката на чувствата кои им ги дава на другите.

Научете да ги штедите своите чувства, не ги потиснувајте, но не ги давајте во бесконечност, на оние кои навикнале да ве повредуваат. Ако луѓето не ја ценат, вредноста на вашите чувства кон нив, тргнете се од нив, бидејќи тоа е знак, дека не ја почитуваат ни вашата присутност, а тоа значи дека лесно можат да ве повредат.

Заобиколете ги тие луѓе и чувајте ги своите чувства, за оние кои ќе ви возвратат, за да можете да одговорите на нив. Научете, кон своите чувства да бидете одговорни, бидејќи она што носат во вашиот живот вредно е и важно.

Кога имате негативни чувства, ни целата сила на позитивното размислување, нема да ги уништат и не присилувајте се на неа, повлечете се во тишина и доволно долго чекајте, работите да се смират, а потоа донесете одлуки кои треба да ги донесете.

Кога ќе сфатите колку вашите чувства вредат, нема повеќе да ги трошите на луѓе, на кои тие ништо не им значат, туку со нив ќе уживате во убавината на животот.

Не е тоа поради никаква себичност, туку поради личниот мир.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: