А луѓе ко луѓе. Земаат се’, земаат повеќе отколку што можат..

Грешев. Цел живот грешам. А мислев дека секоја постапка е обоена со желба да помогнам, да се најдам, да чекам рамо до рамо, додека тој некој не се снајде, а потоа да продолжам понатаму..со својот живот…

Мојот живот исчезнуваше. Копнееше пред мене, додека јас се занимавав со другите, ‘поважните’ од мене. Се изгубив…Навикната да ги решавам туѓите проблеми, да бидам гласот на разумот, мислата водилка, се изгубив во сопствениот живот додека го чекам следниот на кој можам да му помогнам.

А луѓе ко луѓе. Земаат се, земаат повеќе отколку што можат да земат со себе…и си одат. Ја затвораат вратата зад себе, некогаш со рака, нежно, а некогаш агресивно и налутено, со нога.

Секое заминување го благословував и одболедував…’

Бесењак

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: