Благослов на Nahua индијанците

Овој прекрасен, древен благослов зборува за простувањето, ослободувањето и нежноста.

Ги ослободувам своите родители од чувството дека ме изневериле. Ги ослободувам своите деца од потребата да ме направат горди. Својот сопствен пат нека го испишуваат слушајќи го своето срце кое непрестано им шепоти.

Го ослободувам својот партнер од обврската да ме направи комплетна личност. Ништо не ми недостасува, постојано учам заедно со сите други суштества. Им се заблагодарувам на своите предци кои се споиле за да можам јас да го вдишувам животот.

Ги ослободувам од грешките од минатото и желбите кои не ги исполниле, свесен дека направиле најдобро што можеле, за да ги разрешат своите потешкотии во согласност со свеста и сфаќањата кои тогаш ги имале. Ги почитувам, ги сакам и ја гледам нивната невиност.

Се соголувам пред нивните очи, за да знаат дека не кријам и не должам ништо освен лојалноста кон самиот себе и своето постоење.

Ја пратам мудроста на срцето, свесен сум дека ја остварувам својата животна цел, слободен од видливи и невидливи врзувања кои можат да го загрозат мојот Мир и Среќа, кои се моја единствена обврска.

Се одрекувам од улогата на спасител, оној кој ги обединува или исполнува очекувања на другите луѓе. Учам низ и единствено преку љубов.

Ја благословувам својата суштина, своите начини да се изразам, иако можеби некој не ме разбира. Се слушам самиот себе, затоа што сум единствениот кој живеел и ја искусил историјата на мојот живот, затоа што се познавам себе си, знам кој сум, што чувствувам, што правам и зошто тоа го правам. Се почитувам и се уважувам себе си.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: