Не прашувај никој колку му значиш во животот..Само набљудувај

Ова е приказна за двајца пријатели кои што патувале заедно низ пустината.

Во еден момент, во текот на патувањето, почнале да се расправаат и едниот пријател му удрил тупаница на другиот. Удрениов се почувствувал навреден, но без да каже збор, напишал во песокот: “ДЕНЕС, ДОБИВ ТУПАНИЦА ОД МОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР”.

Продолжиле така да одат се додека не наишле на една оаза каде што решиле да се искапат. Оној кој што ја добил тупаница за малку ќе се удавел бањајки се, но животот му го спасил другиот. Кога дошол при себе оној кој што за малку ќе се удавел, изгравирал на еден камен: “ДЕНЕС, МОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР МИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ”. Пријателот кој му удрил тупаница го запрашал: “Кога те удрив – ти запиша во песокот, а сега гравираш на камен -”Зошто?” Пријателот му одговорил: “Кога некој ни прави лошо, треба тоа да го запишеме во песокот, за ветровите на проштевањето да го избришат”. Но, кога некој ни прави добро, треба тоа да го изгравираме на камен за да не може ништо повеќе да го избрише!”

Научи се да ги запишуваш ‘раните’ во песокот, а ‘среќата’ гравирај ја на камен.

Велат дека е потребно една минута да запознаеш посебна личност. Еден час за да научиш да ја почитуваш. Еден ден за да ја засакаш. Но, еден ЦЕЛ живот да ја заборавиш.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: