Не се надевај премногу, подобро да бидеш изненаден, отколку разочаран

Се чини, како често забораваме дека сами ја создаваме својата стварност и дека секој животен момент, воедно е и момент во кој одбираме кој ‘волк го храниме’. Оваа приказна може секогаш да послужи за да се преиспитаме и да се потсетиме на работите кои ги направивме за, а кои против себе.

Одамна старите Cherokee индијанци раскажуваат еден мудар разговор меѓу дедо и внук: -‘Во душата на секој човек се води постојана борба, како борба помеѓу два волка. Едниот го преставува Злото. Бес, завист, љубомора, омраза, алчност, ароганција, лага, вина, лутина, пакост, себичност, подсмев..

Другиот волк го претставува Доброто. Претставвува мир, љубов, надеж, ведрина, љубезност, добрина, срдечност, дарежливост, вистина, сочувство, среќа, вера…

Внукот се замислил неколку минути. Сите свои мисли ги насочил во длабочината на зборовите на дедо му, па го прашал: ‘ Дедо, кој волк на крајот победува?’

Стариот Индијанец го погледна својот внук и одговори:’ Победува оној кој го храниш’.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: