– Помисли за тоа што мислиш… и ако се фатиш себеси како мислиш на несреќа, болест или немаштија, смени го каналот и почни да мислиш на она што го посакуваш.
– Кога ќе се случи нешто случајно, следи го. Среќни се оние кои можат да ги следат и да делуваат според добрите работи кои се случуваат случајно.
– Верувај дека доброто може да се случи. Очекувањето ќе ти се исполни.
– Кога ќе се случат лоши работи, погледни ја ведрата страна и прашај се: “Што научив јас од ова?” или “Како да се заштитам за да не ми се случи повторно?” Не се задржувај на лошото, туку продолжи.
-Не ја барај љубовта на погрешни места. Не само на романтичната љубов, туку и на сакањето на предмети. Убаво е да посакуваш предмети, но не смееш да го сведеш животот на: “Ќе бидам среќен кога ќе го имам тоа, или кога ќе живеам таму, или кога ќе се случи она…” Среќата е состојба на умот, а за да ја достигнеме, нашите мисли треба да се постојано пријатни.
– Не “фаќаме” депресија, како што не “фаќаме” среќа. Ние ги креираме преку мислите. Затоа, внимавајте што читате, што слушате и со какви луѓе се дружите.
Leave a Reply