7 чекори до остварување на желбата- Дипак Чопра

Во својата книга ‘Тело и дух- река на вечноста’, Дипак Чопра опишува како можеме, на едноставен начин во седум чекори, да ги исполниме своите желби и остварување на целите.

Сите имаме некакви желби кои сакаме рано да ги исполниме, оствариме. Духовните учители, па и психолозите, ни даваат разни техники кои можеме да ги постигнеме. Ова е ‘рецепт’ на популарен индиски учител и автор на бројни популарни книги Дипак Чопра.

Еве што пишува во својата книга:

Во еден или друг облик, секоја желба ја наоѓа својата цел, која единствено е ограничена од перспективата на времето и просторот, што го замаглува нашето забележување на постогнатиот резултат, вели Чопра и ја опишува техниката за остварување на желбите во седум чекори.

1.Седнете удобно и опуштете го телото, почувствувајте се одвнатре мирни.

2. Посакајте го саканиот резултат. Бидете одредени. Замислете ја желбата или изразете ја со зборови.

3. Не се заплеткувајте во детали. Не се силете и не се концентрирајте. Намерата треба да биде така природна како што природно имате желба да станете или да се напиете чаша вода.

4. Очекувајте резултат и верувајте во него, знајте дека е сигурен.

5. Сомнеж, грижа или врзување, само ќе му смета на успехот.

6. На крајот пуштете ја желбата. Не е потребно два пати да се испрати писмо. Едноставно бидете сигурни дека пратката е испратена и дека одговорот е на пат.

7. Бидете отворени за повратни информации кои ви доаѓаат одвнатре или од околината. Сфатете дека сите тие повратни информации сте ги предизвикувале- вие.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: