Не сум јас јака, јас сум само жена

Да се разбереме, јас не сум јака жена.

Јас сум нежна, грижлива, вредна, посветена, која умее да плаче од среќа, подеднакво и од тага или немоќ, која понекогаш ја чувствувам, наизглед без повод.

Јас не сум јака жена и не рушам стебла и рекорди со рацете. Го наведнувам погледот кога ќе се посрамам пред нечија добрина или комплимент и ќе ја кренам главата кога на вистината треба да му се погледне во очите.

Јас не сум некој кој умее да се бори, но и те како сум онаа која не се предава и не се откажува од она што се смета за свето. Не сум јас јака, јас сум жена.

И тоа секогаш ми е доста, без било каков префикс.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: