Дали во нашето тело има животна енергија?

Веќе илјада години, научниците ги третираат меридијаните како дел од човечкото тело, со чија помош животната енергија, без застој поминува низ телото. Енергијата е она што не’ носи низ животот, без неа сме уморни, без волја, болни…

За среќа, третирањето на меридијанот е прилично едноставно и пријатно. Со притисок на одредена точка на телото, ја отпуштате болката, а ја привлекувате свежата енергија…

За меридијаните веќе сме слушнале. Од географијата знаеме дека тоа се замислени црти на глобусот кои се простираат од Северниот до Јужниот пол, осликувајќи ги проекциите на магнетната сила на нашата планета.

Традиционалната кинеска медицина (TCM) не’ учи дека и во нас постојат меридијани кои се протегаат по должината на нашето тело, од главата, рацете, трупот и нозете до стопалата. Тие меридијани не ја опишуваат патеката на магнетната сила, туку една друга, метафизичка сила- gi.

Има две главни точки во кинеската медицина- енергија и чувства. Кинеската традиционална медицина, опишува дека низ нашето тело, низ меридијаните течат неколку врсти gi енергија и на својот пат ги напојуваат сите органи и состави со тоа основно гориво.

Било каква нерамнотежа во протокот- премногу или премалку- префизвикува болест. Втора важна точка на древнато кинеско знаење е тезата дека емоциите не се само нешто што чувствуваме и доживуваме на нематеријално ниво.

Емоциите играат многу важна улога како во болеста, така и во здравјето. Во Дрвната Кина повеќе од 4000 год е јасно дека менталната и емотивната состојба, произведуваат физиолошки ефекти кои доведуваат до болест. Кинеската традиционална медицина објаснува дека болест може да предизвикаат шест различни штетни влијанија: ветер, студ, жештина, влага, суша и оган. Но, болеста може да настапи и поради 5 врсти на емоции: возбуда, лутина, грижа, страв и претерано размислување. Е, сега сигурно се прашувате кој е овде луд?

Дали емоциите се токму тие што не’ разликуваат од се’ друго живо на Земјата? Дали токму емоциите се тие поради кои го чувствуваме животот во својата исполнетост? Зошто сакаме да бидеме лути, тажни…? Да се запрашаме колку се чувствуваме живи кога сме тажни, или може да се каже дека се чувствуваме полуживи.

Обидете се да бидете еден час лути или во депресија. Луѓето често се прашуваат дали негативните емоции се навистина така лоши, бидејќи луѓето, сакаат да поминат некое време во таква состојба. Тоа им доаѓа како некое време за нив?!.

Неее, сосем погрешно, подобро еден час да уживаме во прошетка, да поразговараме со пријателите или во љубов со саканиот! Тие емоции не се добри според кинеската медицина, а објаснувањето е следно: возбуда/ тага- срце, лутина- црн дроб, грижа- бели дробови, претерано размислување- слезина, страв/ потиштеност- бубрези. Два органи кои се посебно осетливи на емотивни турбуленции се срце и црн дроб.

Токму споменатите емоции, кога ќе ги доживееме одеднаш и силно или ако ги чувствуваме подолго време, можат да предизвикат пореметување во нормалниот ток на енергијата и телесните течности. Дали сте сигурни дека навистина се тоа квалитетно поминати еден час време, во кое се киселите, поради некој или нешто што ви се случило?

Кога ќе се осврнеме на денешниот начин на живот, забележуваме дека поголемиот број на луѓе го поминува целиот ден во некакви емоции. Често сме изложени на големи напори а речиси никогаш или многу ретко земаме време за одмор. Одмор од чувствата, одмор во кој ќе се исчистиме од емоции, импресии и мисли.

Токму тие состојби се причина за многу болести. Најновите истражувања ги потврдија тезите на традиционалната кинеска медицина. Тие ги поврзаа различните стресни ситуации со се почести одредени болести. Значи, исплатливо е да се намали со негативните емоции и на тој начин да се придонесе кон сопственото здравје.

Меридијани- моќ на дипирот кој исцелува.

Меридијаните во нашето тело кријат волшебна моќ- моќта на допирот кој исцелува. Нема човек кој барем еднаш не ја вкусил благодета на масажата, било во домашни услови или професионално. Притисокот на одредени точки на меридијанот се нарекува акупресура. Тоа е древна уметност на исцелување, каде со притисок на клучните точки на нашата кожа се стимулира способноста на телото за самоисцелување. На тој начин се ослободуваме од блокадата на одредени меридијани и ја обновуваме рамнотежата на протокот на енергија, а резултат е делимично или потполно тргање на симптомите кои не’ оптеретуваат.

Науката и денес е во дилема околу постоењето на меридијани и таинствената енергија qi, но поволно дејството на акупресурата на нашето тело е непобитно. Многу медицински истражувања покажуваат дека масажата или третирање на одредени точки на нашето тело доведува до решавање на проблемот.

Неуролошките истражувања покажале дека со притисок на тие посебни точки се остваруваат некои подалечни ефекти на телото кои не се објасливи од гледна точка на анатомијата.

Акупресура.

Најголемата предност на акупресура е во тоа што е сигурна, било да ја работите на другите или на себе, па дури и ако тоа не го работевте никогаш, јасно, ако го пратите упаството. Единствена опрема која ви треба се вашите раце. Клиничките истражувања покажале дека акупресура може да даде резултати во решавање на главоболката, умор на очите, проблем со синусите, болко во вратот, грбот, артритис, болки во мускулите и напнатост поврзана со стрес. Има ефект и кај проблемите при несоница, дебелина и лоша циркулација.

извор: Sensa

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: